во ,

Н’Голо Канте, „најскромниот фудбалер на светот,“ заработува 100 милиони евра, но сè уште не се промени

Ал-Итихад го совлада Ал-Ахли со 1:0 во деветтото коло на саудискиот шампионат, но вистинското внимание го украде францускиот играч Н’Голо Канте. За време на паузата додека играчите се освежуваа, Канте со карактеристична скромност се зафати со чистење на теренот, собирајќи жолто-црни знамиња што ги оставија навивачите.

Овој потег веднаш го освои интернетот и социјалните мрежи, каде фановите му упатија безброј пофалби: „Требаше да ја освои Златната топка“, „Канте има сè што треба да има еден маж и фудбалер,“ и „Сите го сакаат Канте“ – ова се само дел од реакциите на обожавателите кои го видоа видеото од неговата акција.

И покрај неверојатната плата од 100 милиони евра по сезона во Ал-Итихад, Канте и понатаму се слави поради неговата скромност. Познато е дека дури и кога заработуваше милиони, продолжи да вози стар “Mini Cooper” во Англија. Неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Антонио Рудигер, истакнува дека сè околу Канте е автентично, дури и неговиот познат автомобил: „”Mini” беше првиот автомобил што го купи и го носи како спомен на неговите почетоци,“ објасни Рудигер.

Канте, кој освои Светско првенство со Франција во 2018 година и пет трофеи со Челзи, продолжува да инспирира со својата приземност и хуманост, оставајќи силен впечаток каде и да игра.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донор – успешна трансплантација на хируршките клиники

Римска брана стара 2.000 години ги издржа страшните поплави во Шпанија