во , , ,

Неверојатна приказна: Запознајте го најштедливиот милионер на целиот свет

Хајнц Б., осумдесетгодишен милионер од Дармштат, Германија, е познат по својата неверојатна штедливост. Живеејќи скромно, тој се превезува со стар велосипед, храна бара меѓу отпадоците и избегнува многу од луксузите кои му ги овозможува неговото богатство.

Неговиот несекојдневен начин на живот остава многумина изненадени кога дознаат дека е навистина имотен човек. Со текот на времето, неговата појава стана забележителна во јавноста, што доведе до тоа дека сè повеќе луѓе стануваат свесни за неговите уникатни животни принципи.

„Можеби навистина има само 15 евра на сметката, но само затоа што подигнал 700.000 евра за да купи нова куќа, негова десетта. Останатите 100.000 евра ги префрлил на штедна книшка на орочување, како би остварил камата“, пишува германски „Bild“.

Овој милионер поседува скап недвижен имот, вреден неколку милиони евра. А вели дека е среќен што живее од храната која ја наоѓа на ѓубриштата, каде што собира секакви работи што другите ги фрлаат.

„Можеби ќе купам малку месо за пржење или нешто друго доколку снемам, но поголемиот дел од храната ја наоѓам во ѓубрето. Луѓето се расипници и фрлаат доволно работи со кои би нахраниле цело семејство. Купуваат пакетче колбаси, јадат една и остатокот го фрлаат во ѓубре“, истакнал тој.

Порано работел како електроинженер, земал пензија од 3.600 евра и 156 евра. Месечно на храна троши 5 евра или околу 300 денари. Неговите трошоци се сведени на интернет конекција за лаптопот. Нема мобилен телефон бидејќи тоа би чинело дополнителни 10 евра.

Објаснил и зошто вози стар велосипед: „Мајсторите наплаќаат 55 евра за половина час работа. Изнајмувањето и онака тешко се исплаќа, па како и тоа да го плаќам?!“

Сè уште не знае кому ќе го остави богатството: „Имам неколку далечни роднини, но не можат да плаќаат данок на наследство. Можеби едноставно куќите ќе го дадам на станарите“.

Неговата приказна во ниту еден случај не треба да го оттргне вниманието од оние на кои помошта им е неопходна, како што се многуте луѓе кои живеат без покрив на главата. Ниту, пак, треба да ја намали важноста на пружање помош на луѓето кои се прехрануваат пребарувајќи храна по контејнерите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се оженил синот на еден шумар, земал невеста од едно поодалечно село…

Една жена поминува низ паркот. Одеднаш од зад грмушката…