Многумина можеби ќе се изненадат, но бројни истражувања покажуваат дека умереното консумирање пиво може да има позитивно влијание врз нашето здравје. Од подобрување на варењето до блескава кожа и здрава коса, еве зошто едно или две чаши пиво дневно можат да придонесат за подобро здравје.
1. Подобро здравје на срцето
Истражување на Универзитетот во Пенсилванија покажало дека консумирањето на една или две чаши пиво на ден може да го намали ризикот од срцев удар за 40-60%. Пивото може да ја зголеми циркулацијата и да помогне во намалување на штетниот ЛДЛ холестерол, благодарение на растителните влакна во неговиот состав.
2. Корисно за бубрезите
Финско истражување докажало дека пивото е особено корисно за бубрезите, намалувајќи го ризикот од камења во бубрезите за 40%. Составот на пивото поттикнува диуреза, што помага за природно прочистување на бубрезите.
3. Изобилство на витамини од групата Б
Пивото е богат извор на витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се важни за добрата циркулација и функцијата на нервниот систем. Ова особено помага на лицата кои се слабокрвни, бидејќи витаминот Б12 е тешко достапен во многу храни.
4. Помага за здрава и сјајна коса
Покрај придобивките за здравјето, пивото може да ја потхранува и вашата коса. Витамините и протеините во пивото ја обновуваат оштетената коса, додека малтозата и сахарозата додаваат сјај и волумен.
5. Подобрување на варењето
Посебно темното пиво содржи растворливи растителни влакна, кои се важни за варењето и спречуваат појава на констипација. Овие влакна помагаат во балансирање на дигестивниот систем и поттикнуваат здрава функција на цревата.
6. Помага за намалување на стресот
Истражување на Универзитетот во Монтреал покажало дека две чаши пиво на ден можат да помогнат во намалување на стресот и анксиозноста. Ова го прави пивото добар избор за опуштање по напорниот ден.
7. Блескава кожа и помош за првут
Пивото е корисно и за нега на кожата – нанесено површински, помага во прочистување на тенот, додека пантотенската киселина и витамините ја прават кожата мазна и блескава. Само натопете памук во пиво и нежно масирајте го лицето за освежување.
Со умерено консумирање, пивото нуди интересни придобивки кои позитивно влијаат на телото, но секогаш внимавајте да не се претера со неговото внесување.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден