во

Необичната приказна зад евергринот „Тајно моја“ на Тоше Проески

Хитот „Тајно моја“ на Тоше Проески, кој стана еден од најпознатите евергрини во македонската музика, крие интересна приказна која малкумина ја знаат. Оваа песна, која македонската публика ја избра за поп-хит на деценијата, првично била замислена како песна за кучето на Тоше.

Во соработка со текстописецот Игор Џамбазов, Тоше замислил текст кој ќе биде посветен на неговото милениче. Текстот бил инспириран од стилот на Балашевиќ и звучел прекрасно, но композиторот Кире Костов сфатил дека мелодијата не одговара на стиховите. „И денес Игор ме претставува како единствениот што му одбил текст,“ раскажува Костов низ смеа.

Наместо тоа, песната добила романтичен текст од Огнен Неделковски, а тајната на стиховите, особено фразата „Шушка молика,“ останала мистерија за многумина. Моликата е ендемично дрво што расте на Пелистер, местото каде Тоше учел, и токму затоа овој збор има посебно значење во песната.

Неделковски во една прилика порача: „Секој нека ја доживува песната на свој начин. Ако ја откријам приказната, нема веќе да биде тоа што е.“ Така, „Тајно моја“ останува мистична и незаменлива, како што и беше замислена – тајна што секој слушател ја доживува на свој начин.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најчести грешки при лекување на настинки, грип и вируси: Дали и вие ги правите?

Млад татко ги освои срцата на милиони: Изгледа како Аполон, но неговата посветеност е највпечатлива