Мистеријата позната како Дјатлов превој е решена по 61 година – била спроведена нова истрага за смртта на студентите што исчезнале додека биле на скијање.
Студентите тргнале на пат под водство на Игор Дјатлов, а истражувачите подоцна ги пронашле нивните смрзнати тела. Дел од нив биле пронајдени без одредени делови од телото, некои биле голи, а некои имале чудни повреди. Новото истражување заклучило дека студентите починале како последица од хипотермија и едноставно немале никакви шанси да преживеат. Трагичниот случај со години го следеа шпекулации и теории на заговор, па така можеше да се слушне дека за нивната смрт биле одговорни вонземјани, тајно руско оружје, па дури и јети.
Во групата биле седум мажи и две жени, а истражувачите тврдат дека побегнале голи бидејќи немале време да се облечат.
Нивниот шатор бил мистериозно срушен, кампот напуштен, а сите работи и облеката биле оставени, што дополнително ги збунило истражувачите затоа што биле на речиси 2 километра од кампот во кој се наоѓале шаторите и телата на Јуриј Дорошенко и Јуриј Кривонишенко. Телата биле пронајдени покрај остатоците од догорениот оган, облечени само во долна облека.
Набрзо бил пронајден и Игор Дјатлов, кој ја предводел групата. По него бил и наречен мистериозниот инцидент. Во негова близина кучето ги намирисало и остатоците на Зина Коломгорова, која била затрупана под 4 сантиметри снег, а потоа и на Рустем Слободин.