На празникот посветен на Света Петка, преподобната Мајка Параскева, православните верници во недела оддаваат почит кон светицата која се смета за заштитничка на болните и сиромашните. Овој ден е посебен и за жените, кои традиционално се собираат и се обраќаат со молитви за здравје и заштита.
Постојат бројни обичаи кои се почитуваат во чест на Света Петка, а многу од нив се поврзани со избегнување на домашни активности. Верувањата велат дека жените на овој ден не треба да месат, готват, перат или шијат, бидејќи таквите активности може да го навлечат гневот на светицата. Наместо тоа, празникот треба да се помине во мир и молитва, посветувајќи се на духовни и семејни вредности.
Во некои места, девојките следат и посебни обичаи. На пример, јадат парче од славскиот колач и ги чуваат трошките, верувајќи дека во сонот ќе ја видат својата судбина или својот иден сопруг. Понекогаш, дел од колачот се дели на стоката за здравје и благосостојба на домаќинството. Девојките исто така собираат цвеќиња за украсување на домот и облекуваат нови фустани како симбол на среќа и нов почеток.
Се верува и дека Света Петка може да се појави во соништата и да ги предупреди верниците за големи неволји, па празникот е време кога многумина бараат нејзина заштита и водство.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден