во ,

Ова е “нормална” средба во Сиднеј – девојка налетала на питон во супермаркет: “Ми беше на 20 центиметри од лицето”

Хелаина Алати (25) во понеделникот била во супермаркет во Сиднеј и во еден момент ја изненади 3 метри долга неотровна змија која се лизнала од полицата, пренесува Би Би Си.

Средбата со змијата на полицата за зачини не е она што го очекувала Алати. За среќа, на Алати не ѝ е првапат да спасува диви животни и има знаење за змиите.

“Само што ја свртив главата, таа ми беше на околу 20 центиметри од лицето. Гледаше право во мене”, рекла таа. Добро ја погледнала, но останала мирна иако во близина немало никој.

Препознавајќи го дијамантниот питон, Алати знаела дека не е отровна иако змијата го извадила јазикот.

“Гледаше право во мене цело време, како да ме молеше да ја изнесам надвор”, рекла Алати.

Откако ја снимила змијата, Алати ги предупредила вработените и им понудила да им помогне да ја изнесат надвор. Отишла до дома по вреќа за змии, се вратила и самата змија веднаш влегла во вреќата.

Потоа ја пуштила во грмушките каде е природното живеалиште за тој вид на змии околу Сиднеј.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украл криптовалута од 600 милиони долари, па добил понуда за работа во компанијата што ја ограбил

Згоден криминалец ги полуде жените: “Ако нема место во притвор, може да дојде кај мене”