За да се добие оваа формула, треба прецизно да измерите неколку точки на лицето.
Некои луѓе се поубави од другите, а изгледа дека за тоа постои и научно објаснување. Едноставно кажано, сè што се смета за убаво е исто така пропорционално, така што човечкото лице не е исклучок.
Како математички се пресметува убавината?
Мора да ја измерите должината и ширината на лицето, а потоа првиот број поделете го со вториот. Ако резултатот е 1.62, тогаш лицето ви е совршено.
Треба да ги земете предвид и другите мерки, како што се растојанието помеѓу најниската точка на брадата и врвот на носот, потоа растојанието помеѓу врвот на носот и точката помеѓу очите, па и оддалеченоста на таа точка и точката на која почнува косата над челото. Ако сите три бројки се идентични, личноста се смета за убава.
Се пресметуваат и други работи, кои за убавина исто така треба да изнесуваат 1.62 – ширината на усните се дели со нивната висина, како и должината на носот со неговата ширина. Исто така, должината на ушите треба да биде еднаква со должината на носот, додека ширината на окото треба да биде еднаква на растојанието помеѓу очите.
Познатиот американски пластичен хирург, д-р Џулијан де Силва истражувал и со помош на математички пресметки направил список со 10 најубави жени на светот.
10. Кара Делевињ (резултати 89.99)
9. Кејти Пери (резултати 90.08)
8. Натали Портман (резултати 90.51)
7. Скарлет Јохансон (резултати 90.91)
5. Тејлор Свифт (резултати 91.64)
4. Аријана Гранде (резултати 91.81)
3. Амбер Херд (резултати 91.85)
1. Бела Хадид (резултати 94.35)
„Бела има неверојатна симетрија на лицето. Брадата ѝ отстапува само 0,3% од совршенство. Исто така, вкупниот процент го намалува позицијата на очите, а наголемата слабост се гледа во пределот на веѓите“, вели д-р Де Силва.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден