Бора Ѓорѓевиќ се прослави со песната “Лутка са насловне стране”, а по тешко боледување рокерот почина во септември минатата година.
Имено, токму оваа нумера се поврзува со една средба на музичарот и дама која оставила длабока трага, па ѝ се посветени некои од најпопуларните стихови на овој рок бенд.
Станува збор за Билјана Невајда Шевиќ, една од најбараните манекенки во седумдесеттите години.
Билјана и Бора се запознале сосема случајно, за време на гостување во една емисија. Тогашното списание „Нада“ приредило во својата редакција свеченост, на која присуствувале манекенката и музичарот, а при оваа средба веднаш се создале први искри меѓу нив.
Додека Бора свирел една од најпопуларните песни, “Лутка са насловне стране”, првпат ја здогледал убавата манекенка Билјана, па веќе тогаш се јавиле први симпатии.
Десетина години подоцна, Бора и Билјана повторно, совсем случајно, се сретнале во Сплит, кога започнале комуникација по која популарниот музичар бил фасциниран од убавата манекенка.
Тие двајца набргу по оваа средба започнале врска, меѓутоа, таа траела само шест месеци. Билјана еднаш откри во медиумите дека причината за нивното раскинување била тоа што никогаш не можела целосно да му верува на Бора. Таа се вљубила во друг човек, поради што го напуштила и музичарот и Белград. Тогаш се преселила во Сараево со своето ново момче, а потоа се омажила и добила дете.
Билјана важела за вистинска убавица, фатална по машкиот род, а Бора Ѓорѓевиќ ѝ посветил дури три песни. Кога раскинале, музичарот го напишал текстот на нумерата “Остани ђубре до краја”, која подоцна станала една од најпопуларните песни на овој бенд.
Како што еднаш раскажала Билјана, кога го оставила, тој ѝ се јавил и ѝ ги прочитал стиховите што ги напишал.
– Беше вечер. Ѕвони телефонот, се јавува Бора. Ме моли да се најдеме ‘Под липом’ за да ми прочита песна што ми ја напишал. Се спремам и одам, кога таму… Баш како во песната: ‘Док стоји за шанком делимично пијан, мрзећи помало и себе и друге, убија лагано коњак, цигарете’. Седнуваме на маса и тој ми онака во еден здив, од својата позната тетратка, во која пишуваше стихови, прочита: ‘Нисам од оних који цвиле, више те немам и шта ту могу, бар се насмеши када ме видиш, остани ђубре до краја!’ – раскажала Билјана, па опишала како се чувствувала кога ги слушнала зборовите на оваа песна:
“На прв поглед тоа ‘ѓубре’ ми звучеше малку грубо”
– На прв поглед тоа ‘ѓубре’ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека тоа ‘ѓубре’ е всушност една опасна, феноменална личност со која тој е маѓепсан, а таа немилосрдно го остава, дефинитивно ми се допадна песната! Меѓутоа, тоа беше сè. Во тој момент не предизвика никаков потрес во мене. Се сеќавам дека дури бев рамнодушна и кога таа песна ја пуштаа на мојата свадба. Воопшто не ме допираше – изјави некогашната манекенка еднаш за “Телеграф”, скоро 40 години откако беше објавена оваа нумера.