Неверојатна сцена е забележана пред неколку години во Кина. Но, и денес привлекува внимание. Луѓето се ежат од шок.
Неименуван човек мирно возел низ градот. Се наоѓал во јужната провинција Сечуан. Тогаш, од никаде, се појавила огромна змија. Таа го погледнала право во очи.
Човекот објаснил дека во тој момент минувал преку мост. Иако бил исплашен, не застанал. Напротив, дал гас и стигнал до првата противпожарна станица.
Таму побарал помош. Еден храбар пожарникар ја отстранил змијата. Подоцна ја вратил во природата.
Останува нејасно како се нашла на ветробранското стакло. Постои можност да се вовлекла во предниот дел додека возилото било паркирано.