во , , ,

Одмаздата се служи ладна: Ресторан изиграл инфлуенсер кој сакал бесплатна храна за целото негово друштво

Отако хрватската инфлуенсерка Дорис Станковиќ се најде во средиште на скандал минатата година, кога од еден ресторан во Пореч барала бесплатен ручек во замена за реклама на нејзиниот Инстаграм профил, речиси истата работа му се случила и на еден инфлуенсер од Велика Британија.

Новоотворениот ресторан „Four Legs“ во Лондон добил порака од инфлуенсер во која тој барал бесплатни 5 оброци и понудил наместо со пари, да им „плати“ со реклама односно да ги препорача на своите следбеници.

Ресторанот на Инстаграм објавил скриншот од нивниот разговор.

„Ви се обраќам за да ве прашам дали би било можно да нарачам храна за носење, а во замена со задоволство ќе ве изрекламирам преку Инстаграм стори“, напишал инфлуенсерот.

„Секако, дали би можеле да ја подигнете својата нарачка?“, му одговориле од ресторанот.

Инфлуенсерот напишал дека може, но потоа додал и дека, освен за себе, би сакал да нарача храна и за своите пријатели.

„Тоа би биле вкупно 5 оброци, вклучувајќи го и мојот“, нагласил тој. Од ресторанот му одговориле дека тоа е премногу храна, но дека ќе го сторат истото ако стави неколку Инстаграм сторија.

Кога се согласил, му објасниле каде да дојде по својата нарачка.

„Ја поминав болницата и гледам 2 полициски автомобили. Дали сум блиску?“, ги прашал инфлуенсерот.

„Полициската станица е на крајот од улицата. Влези во неа и пријави се себеси за злосторство против угостителската индустрија“, му одговориле од ресторанот.

Објавата за кратко време стана хит, а многумина застанале во одбрана на ресторанот и рекле дека некои инфлуенсери премногу си дозволуваат.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Вистини за суровата страна на професиите кои ние ги гледаме низ „розови очила“

Доаѓа пролет и мачките се враќаат од југ…