во

Оригинален рецепт за руска салата со тајна состојка која ја избегнуваат многумина

Руската салата е незаменлив дел од прославите, но ретко кој ја прави според оригиналниот рецепт кој вклучува бело пилешко месо – главната состојка што го дава богатиот вкус на ова омилено јадење. За автентичен вкус, избегнувајте готов замрзнат зеленчук кој ја прави салатата вoденеста и користете свежо сечено.

Состојки:

  • 400 гр пилешки гради
  • 4 јајца
  • 200 гр грашок (по можност свеж или замрзнат)
  • 3 големи моркови
  • 4 големи компири
  • 10 кисели краставички или мала тегла корнишони
  • 400 гр мајонез (за најдобар вкус, подгответе домашен)
  • 100 гр шунка (по желба)
  • Сол по вкус

Состојки за домашен мајонез:

  • 1 јајце
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажица сенф
  • 500 мл масло

Подготовка:

  1. Сварете ги пилешкото месо, морковите, компирите и грашокот. Откако ќе се сварат, исцедете ги и оставете да се оладат.
  2. Ситно исечкајте ги компирите, морковите, пилешкото и краставичките.
  3. Сварете и исечкајте ги јајцата, па измешајте ги сите состојки во голем сад. Додадете сол по вкус и шунка ако сакате.
  4. За домашен мајонез, миксирајте го јајцето со оцетот и сенфот, а потоа постепено додавајте масло додека не добиете компактна смеса.
  5. Измешајте го мајонезот со салатата, оставете ја да се излади во фрижидер и сервирајте ја добро оладена.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма на крстарење: Крузер се накриви во бура, патниците во паника – „Изгледаше како Титаник“

3 Знаци според психологијата дека луѓето ве почитуваат