Белата куќа официјално ја поддржа теоријата дека вирусот Covid-19 потекнува од лабораторија.
На нивната интернет страница, која наликува на филмски постер, се наоѓа големиот наслов „Лабораториско истекување“ („Laboratory Leak“). Меѓу овие два збора е поставена слика на американскиот претседател Доналд Трамп. Под насловот стои: „Вистинското потекло на Covid-19“.
Страницата ги обвинува медиумите, политичарите, здравствените власти и американскиот имунолог Ентони Фаучи за ширење на теоријата дека вирусот настанал природно.
Исто така, се критикуваат и главните мерки кои беа применувани во текот на пандемијата, како социјалната дистанца, носењето маски и затворањето на општеството, нарекувајќи ги „погрешни“.
Еден од првите потези на новиот директор на Централната разузнавачка агенција (CIA), Џон Ретклиф, беше промена на официјалниот став на агенцијата во јануари, заклучувајќи дека вирусот најверојатно потекнува од лабораториска несреќа.
CIA сега смета дека е поверојатно оти пандемијата Covid-19 започнала како резултат на лабораториски истражувања, а не од природно потекло.
Поткомитет на Претставничкиот дом на САД уште во декември објави извештај кој ја поддржува теоријата за лабораториско потекло.
Лотар Вилер, поранешниот претседател на германскиот институт „Роберт Кох“ (RKI), исто така неодамна изјави дека оваа теорија е поверојатна, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Институтот „Роберт Кох“ е најважната институција за следење на заразни болести во Германија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден