во

Петар Грашо и Хана Хуљиќ добија син, го нарекоа по посебно значајно име

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија своето второ дете – син по име Тони. Според хрватските медиуми, Хана се породила со царски рез, а породувањето поминало без проблеми и таа се чувствува добро. Името на малиот Тони има посебно значење за семејството, бидејќи е во чест на дедото на Петар.

Грашо и Хана, кои стапија во брак во февруари 2022 година во Сплит, познати се по тоа што својата приватност ја држат подалеку од јавноста. Во изјава за медиумите, Грашо истакна дека тие не сакаат да бидат во центарот на вниманието надвор од својата професија, но медиумското внимание не можеле да го избегнат.

Со пристигнувањето на малиот Тони, ова музичко семејство доби нов член кој им донесе уште поголема радост. Честитки до новите родители!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рецепт за торта „Неверна жена“ – Идеална за роденден или специјална прослава

Херојски потег на Балканец во поплавите во Валенсија: Го спаси заглавениот автомобил со патници