во ,

Пејо ја среќавал комшивката која многу убава, но била мажена. Секогаш кога ќе ја сретнел и велел…

Пејо ја среќавал комшивката која многу убава, но била мажена.

Секогаш кога ќе ја сретнел и велел:

– Леле какво парче си, само штом те видам и полудувам.

Еден ден таа застанала и рекла:

– Постојано зборуваш а ништо не превземаш. Донеси ми 1000 евра и работата е завршена.

– Сериозно??? Пејо не можел да им поверува на своите уши.

Наредниот ден отишол дома кај комшивката, и дал 1000 евра и завршиле работа.

Вечерта кога мажот се вратил од работа прашал:

– Жено, Итар Пејо доаѓаше ли овде?

Жената помислила дека некој ја наклеветил.

– Да… дојде… Зошто?

– Колку пари ти даде?

– 1000 евра.

– Многу е точен тој Пејо. Вчера дојде кај мене на работа и ми вели:

– „Комши, дај ми 1000 евра на заем, утре до ручек ќе ти ги вратам.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седат Мујо и Хасо во кафана и разговараат за жени…

Ало комшија? Извини што ти се јавувам доцна. Жена ми долго ја нема…