во , ,

Пилот воочил мистериозен монолит сред дивина: Ова е најчудното нешто што сум го видел во мојата кариера

Со оглед на тоа што станува збор за подрачје во кое владеат тешки климатски услови, од државните служби и летечкиот екипаж не ја открија точната локација на монолитот.

Државните власти на американската сојузна држава Јута открија мистерозен монолит на југот на државата кој со својот изглед воопшто не одговара на колината во која е пронајден, пренесува британски “The Guardian”.

Имено, екипажот на хеликоптер го надгледувал теренот броејќи муфлони во пусто подрачје на Јута, кога го забележале металното здание високо околу три метри како се издига од земјата.

https://twitter.com/AndrewAdamsKSL/status/1330191662518312962?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1330191662518312962%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fadmin%2Fnews%2F360632%2Fedit

Пилотот на хеликоптерот, Брет Хачингс за локалните медиуми изјави дека тоа е „најчудната работа која ја видел во сите години додека летал“, а монолитот е посебно интересен затоа што е целосно во контраст со колината во која е пронајден, која ја карактеризираат црвени карпи.

Државните власти не ја откриваат локацијата поради тоа што во тоа подрачје владеат тешки климатски услови и стравуваат дека авантуристите би можеле да настрадаат во суровата околина.

„Предметот изгледаше вештачки, се чини дека е цврсто засаден во земјата, дефинитивно нема паднато од небото. Претпоставувам дека станува збор за некакво уметничкодело“, изјави Хачингс и алудираше на тоа дека монолитот би можел да е поставен од некој љубител на еден од најдобрите филмови на сите времиња – “2001: A Space Oddysey” на Стенли Кјубрик.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Празничната реклама на McDonald’s допира до срцата на родителите

Двајца осудени на смрт, пред да бидат погубени ги прашале дали имаат последна желба…