Првиот ден, Господ го создал кучето, и му рекол:
По цел ден ќе седиш пред куќата и ќе лаеш на сите што ќе се појават или ќе поминат. За таков живот, еве, ти давам животен век од 20 години.
Кучето рекло:
Тоа е долг период за да се лае цел живот. Доволни ми се 10 години, а еве 10 ти враќам.
И Господ се сложил.
Вториот ден, Господ го создал мајмунот и рекол:
Ќе ги забавуваш луѓето, ќе правиш смешни работи, ќе ги смееш луѓето. За таков живот, еве, ти давам животен век од 20 години.
Мајмунот рекол:
Мајмунки работи дваесет години? Тоа е предолго. Еве, и јас ќе ти вратам 10 години, исто како и кучето.
И Господ се согласил.
Третиот ден, Господ ја создал кравата и рекол:
Ти ќе одиш по цел ден на поле со твојот газда, ќе работиш на жешкото сонце, ќе имаш млеко и ќе ја раниш цела фамилија на твојот газда. За ова, ти давам животен век
од 60 години.
Кравата рекла:
Тоа е претежок живот, па уште и 60 години? Не, еве ти враќам 40, ќе задржам само 20 години.
И Господ повторно се согласил.
Четвртиот ден Господ го создал Човекот, и рекол:
Јади, спиј, играј, и уживај во животот. За тоа, ти давам 20 години.
Но Човекот рекол:
Само 20 години? А може ли моите 20 и да ми ги дадеш плус оние 40 што ги врати кравата, 10 од мајмунот и 10 од кучето? Еве, нека бидат 80?
Добро, рекол Господ. Сам сакаше така.
И ете, затоа, првите 20 години од животот Човекот јаде, спие и ужива во животот. Следните 40 години р’мба за да си ја издржи фамилијата.
Потоа, следните 10 години се глупира за да ги занимава и насмее внуците. А последните 10 години само седи и лае и р’жи на секого…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден