Завршени се 75 проценти од работите на инфраструктурата за Светското првенство во фудбал во Катар 2022 година.
Организаторите за потребите на Првенството изградија цела нова мрежа на подземни и надземни железници, изградбата траеше две години и е една од најбрзите во светот.
Во тек е изградба на хотели, а организаторите објавија дека со познатата туристичка компанија MSC Cruises договориле дополнително сместување за навивачите. Во пристаништето во Доха во текот на Светското првенство ќе има два големи крузери кои заедно имаат 4.000 кабини и можат да примат повеќе од 6.000 гости.
За навивачите ќе биде организиран бесплатен превоз од бродовите до стадионот, а Катар на овој начин сака да им понуди на навивачите дополнително искуство на Светското првенство, наведуваат организаторите.
Но, сè не се одвива баш најсјајно. Организаторите на мундијалот се изложени на напади од светските медиуми поради тешките услови во кои работат работниците и градежниците, кои повеќето доаѓаат од сиромашните азиски земји.
Здруженијата кои се борат за човечки права тврдат дека во текот на изградбата на објектите загинале стотици луѓе кои живеат во нехумани услови и кои се слабо платени, а работат и по 16 часа дневно.
Со години се пишуваше и за тоа колку пари добиле членовите на ФИФА за да гласаат за Катар како домаќин на мундијалот. Исто така, за првпат светското првенство во фудбал ќе биде играно на есен, од 21 ноември до 18 декември.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден