во ,

Поголема група оди на семинар. Нема еднокреветни соби, па земаат двокреветни, но никој не сака да ја дели собата со Цветко…

Поголема група оди на семинар. Нема еднокреветни соби, па земаат двокреветни, но никој не сака да ја дели собата со Цветко кој ужасно `рчи. Одлучиле дека не е фер еден те ист цело време да биде со него, туку ќе се менуваат.

После првата ноќ со Цветко, утрото Јово е целиот разбушавен и со огромни подочници. Останатите загрижено го прашуваат:

-Јово, што ти се случи човече!?

-Ма, пушти! Цветко толку `рчеше цела ноќ, што само седев и гледав, око не склопив.

Слично поминале и останатите, па редот дошол и на Трпе. Утрото тој се појавил одморен и уреден, дотеран и одлично расположен. Останатите не можеле да им веруваат на своите очи. Кога го прашале како успеал да заспие покрај ужасното `рчење на Цветко, тој им одговори:

-Значи, се спремавме за легнување. Му пријдов на Цветко, го плеснав по задникот и со нежна насмевка го бацив за добра ноќ. После тоа тој цела ноќ седеше и ме гледаше.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Архитектонското чудо на Малме – Искривениот облакодер кој изгледа како да ќе падне во секој момент

Легендата се враќа: Погледнете дел од најдобрите моменти на Роналдо во Јунајтед