во ,

Полицаец си седи во патролниот автомобил и си тепа муви што ќе му влезат внатре…

Полицаец си седи во патролниот автомобил и си тепа муви што ќе му влезат внатре. Одеднаш една мува проговорува со човечки глас:

– Не ме убивај, ќе ти исполнам три желби!

Полицаецот:

– Прво, сакам да живеам некаде на југ, покрај море, во своја луксузна вила.

Хоп – и тој седи под палма, во двор на луксузна вила со поглед на морето.

– Второ, сакам да имам неколку прекрасни жени.

Хоп – и околу него 4 прекрасни девојки, подготвени да ги исполнат сите негови желби.

– Трето, сакам да си живеам убаво и безгрижно и ништо да не работам.

Хоп – и повторно полицаецот си седи во патролното возило и си тепа муви…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Лица што ги оживеале омилените анимирани ликови на неверојатни начини

Абе вие Скопјаните сте стварно невоспитани луѓе, право да ти кажам!