во ,

Потресен статус ги открива херојските дела по пожарот во Кочани: „Мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот ѝ почина…“

Во длабоката тага која ја обви Македонија по трагедијата во Кочани, се појави емотивен статус на социјалните мрежи кој го свртува вниманието кон оние кои несебично се вложија во спасување животи и пружање помош, честопати ризикувајќи ги сопствените, а нивните дела останаа помалку забележани во јавноста.

Статусот, кој брзо се прошири и предизвика силни емоции кај многумина, ги споменува „знајните и незнајни“ херои кои со своите постапки ја ублажија болката и покажаа неверојатна хуманост во часовите по несреќата. Меѓу нив се истакнуваат возачите на Брзата помош кои со нечовечки напори ги транспортирале повредените, полицајците кои ги извлекувале своите колеги и цивили од огнената стихија, како и пожарникарите кои и покрај сопствените повреди продолжиле да помагаат.

Посебно се споменуваат и медицинските работници од Кочани и Виница, волонтерите на Црвениот крст, таксистите кои бесплатно ги превезувале повредените до болница, како и обичните граѓани кои со своите автомобили ги транспортирале настраданите до Скопје. Статусот не го заборава ниту детето од Македонска Каменица кое успеало да извлече неколку преживеани.

Покрај овие анонимни херои, статусот ги споменува и имињата на неколку млади луѓе – Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид и Борис – кои веднаш по избувнувањето на пожарот пристигнале на местото на настанот и ризикувајќи ги своите животи, извлекле голем број луѓе од пламените јазици, а сега самите се наоѓаат на лекување во болниците.

За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува:

– За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се поради два дена подоцна.

– За шоферите на Брзата помош од кои едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново.

– За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале.

– За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница.

– За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани.

– За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко.

– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на противпожарни камиони.

– За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.

– За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје.

– За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него.

– За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници.

– За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката.

– За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата.

– За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.

– За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот.

– За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многу.

Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание. Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.

Статусот завршува со апел до јавноста да се воздржи од ширење нереални и преувеличени информации во овие тешки моменти, кога тагата е огромна, и да се фокусира на вистинските херои чии несебични дела треба да бидат пример за сите нас.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДОБРА ВЕСТ: Ангел, вториот пациент од Кочани, пристигна во Скопје од лекување во Атина

„ИЗЛЕГУВАЈ, ГОРИ ‘ПУЛС’!“: ШОКАНТНА снимка од почетокот на пожарот во Кочани!