во ,

Поучна приказна за семето на љубовта која секој треба да ја знае

Еден голем крал имал три сина. Синовите биле близнаци, секој од нив бил храбар и умен и тој не можел да се одлучи на кој од нив да го направи свој наследник. Затоа царот се обратил на дворскиот мудрец и тој го посоветувал како да дојде до вистинскиот иден крал.

Кралот ги собрал синовите во дворецот и на секој од нив им дал торба со семе од цвеќе и им кажал дека ќе оди на патување. Кралот им рекол на своите синови: „Тоа патување ќе трае една, две, три, можеби и повеќе години. И ова е вашиот тест. Оваа семе ќе ми биде вратено кога ќе се вратам од моето патување. Оној што ќе го одржи во добра состојба ќе биде мојот наследник.“

Така браќата почнале да размислуваат што да прават со семето.

Првиот син си помислил: „Што да прваам со семето? Ќе ги ставам во сеф и кога ќе се врати татко ми тие ќе бидат такви какви што се.“

Вториот син се сетил: „Ако ги ставам во сеф како брат ми тие ќе умрат, а мртвото семе не вреди. Ќе одам на пазар ќе ги продадам и ќе ги чувам парите, а кога ќе се врати татко ми ќе купам нови подобри од овие сега.“

Третиот син отишол во кралската градина и го расфрлал семето секаде каде што имало слободно место.

После три години, кога нивниот татко се вратил, првиот син го отворил сефот. Семето било суво и бескорисно. Кралот му кажал: „Ова семе е бескорисно. Ти си материјалист!“

Вториот син отишол и купил ново семе. Сепак кралот не бил задоволен: „Ти размислуваш подобро, но ова не е семето кое што ти го дадов, ти си манипулатор.“

Кралот со страв се упатил кон третиот син за да види што направил тој со семето. Третиот син го однел во градината и му покашал стотици прекрасни цвеќиња.

„Ова е семето што ми го даде. Штом ќе овенат ќе го соерам пак и ќе ти го вратам.“, му рекол третиот син.

Кралот се израдувал и рекол: „Ти си мојот наследник! Така треба да се постапи со семето. Оние што само собирата работи и не размислуваат на крајот ќе изгубат. Оние кои се обидуваат да измамат не го сфаќаат животот. Само искрените и креативните ќе можат да сфатат. Тоа е тајната на цвеќето. Тоа не може да се складира и да се манипулира, треба да му се дозволи да го живее својот животен циклус.“

Цвеќето ја симболизира љубовта, а љубовта не може да се чува на залиха. Факт е дека цвеќето е симбол на љубовта со векови и така и ќе остане.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мила, сакам да се омажиш за комшијата Стефан!

2-годишно девојче е најдобра пријателка со семејство на диви хиени