Францускиот астролог Нострадамус и мистичната пророчица Баба Ванѓа од Струмица, чии визии се предмет на многубројни толкувања, предвидуваат мрачни настани за 2025 година. Според нив, оваа година ќе донесе глобални предизвици, вклучувајќи конфликти, природни катастрофи и анархија.
Предвидувањата на Нострадамус
Нострадамус, во својата книга Les Prophéties, споменува дека Европа ќе биде во центарот на сурови војни. Некои толкувачи неговите зборови за „црвениот противник“ ги поврзуваат со можен конфликт во Азија, додека „големиот океан“ би можел да означува морски битки во Индискиот Океан. Тој, исто така, предвидува климатски хаос со суши и поплави, дополнети со голем глад и епидемии, како и природни катастрофи во Јужна Америка.
Мрачните визии на Баба Ванѓа
Баба Ванѓа исто така предвидува големи превирања во Европа во 2025 година, споменувајќи потенцијален воен конфликт кој би можел да има глобални последици. Таа предупредува дека оваа година може да биде пресвртница за човештвото, вклучувајќи и контакт со вонземјани и развој на телепатијата.
Иако ваквите предвидувања предизвикуваат вознемиреност, критичарите често укажуваат дека нивните пророштва се општи и отворени за различни интерпретации. Сепак, за многумина овие визии се повод за размислување и подготовка за можни предизвици во иднината.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден