во ,

„Престанав да мијам садови за да му одржам лекција на сопругот – што мислите дека се случи во наредните денови?“

Жена од САД решила да престане да го средува домот, со цел да види колку денови ќе бидат потребни за сопругот да сфати дека и тој треба да помага со домашните обврски, но и дека децата треба да имаат свој удел.

Иако се бориме за полова еднаквост, факт е дека многу жени, без разлика што одат на работа, мораат да се грижат за сè во домот. Миење садови, перење и средување се само дел од обврските што ги чекаат дома откако ќе се вратат од работа.

Огромен број жени се жалат дека нивните партнери и сопрузи воопшто не им помагаат со домашните обврски, па не е ни чудно што чувствуваат револт.

Во ваква ситуација била и една мајка од САД, која еден ден решила да престане да го средува домот, а целото искуство го споделила на Твитер.

„Пред два дена, решив да престанам да ги мијам садовите. Правам вечера за сите и преку глава ми е што потоа морам и да исчистам. Оттогаш во кујната се направи цел куп садови и кога-тогаш семејството ќе остане без лажици, чаши и чинии. Јас нема ни да трепнам“, пишува на нејзината објава, заедно со фотка од валканите садови.

Младата мајка го споделила искуството на шеговит начин и нагласува дека само сака да им одржи лекција на сопругот и на децата. Таа честопати ги молела да ѝ помагаат низ домот, но залудно, па сега решила да им одржи лекција и да ги натера да сфатат дека навистина ѝ е потребна помош.

„До третиот ден ги искористија сите чинии и веќе немаат лажици. Никој не вели ништо за купот садови, но јасно им е дека се случува нешто. Не, денес нема да ја наполнам машината за садови“.

Откако ги извалкале скоро сите садови во домот, жената се надевала дека некој сепак ќе ги измие, но нејзиниот сопруг се снашол и си направил кафе со пластична лажичка, во многу стара шолја.

Набрзо потоа таа споделила уште еден твит, изјавувајќи дека сопругот конечно го фрлил ѓубрето.

Жената престанала и да пере, па набрзо во домот се појавиле и купови валкана облека.

„На шпоретот има тава со еден колбас. Стои таму два дена. Не можам ни да го погледнам бидејќи целосно му е сменета бојата. Последната ролна тоалетна беше потрошена синоќа. Уште никој не ставил нова“.

Два дена откако почнал „експериментот“, нејзиниот сопруг ја наполнил машината за садови.

„Не ми се верува дека се случува ова!“

Но, тој само ја наполнил и ја оставил така без да ја вклучи, а кога го прашала зошто, тој ѝ одговорил дека немал време.

Бидејќи добивала многу критики поради ова, жената решила да објасни што точно се случува:

„Гледам дека многумина ме осудуваат, па да разјаснам – не живееме вака. Ова е лекција што треба да ја научат и да ја почитуваат, за да не мора постојано да повторувам исто нешто.

Го чистам домот од љубов. Готвам храна, ја поставувам масата, користам освежувачи за воздух и ја перам облеката бидејќи ги сакам. Трпелива сум, но и преморена бидејќи работам по 14 часа секој ден“.

Набрзо потоа младата жена споделила дека сопругот конечно ставил тоалетна хартија во тоалетот.

Но, и дека сопругот ја вклучил машината за садови.

На третиот ден од нејзиниот експеримент, жената се пофалила дека сопругот почнал да ѝ помага.

„Се случи. После 3 дена без миење садови или средување низ домот.

Ќе имате добри денови, лоши денови и многу денови кога ќе ви биде преку глава од сè. Но, никој не сака да се потценува неговиот труд, особено од најсаканите“.

Неколку денови подоцна, жената објавила уште еден твит, како среќен крај на нејзината приказна:

„Добро утро! Во кујната нема ниту една валкана чинија. Ова ќе биде прекрасен ден“.

Во многуте објави, жената се соочила со секакви коментари. На некои им бил забавен целиот „експеримент“, но некои го осудуваат нејзиното однесување.

„Колку е тешко да го замолиш сопругот да ги измие садовите бидејќи си уморна? Не знаете како да комуницирате“.

Сепак, повеќето ја поддржуваат:

„Она што ме нервира е нејзиниот сопруг. Пред да стапот во брак и кога живеат сами мажите си го средуваат домот. Но штом ќе се вселат со жена, како да забораваат дека и тие треба да средуваат“.

„Еднаш и јас направив нешто слично – две недели не чистев ништо. Си го признав поразот кога влегов во кујната и видов дека сопругот јаде житарици од бокал со виљушка“.

„Еднаш ги фрлив на улица сите работи што беа расфрлани на подот во детската на ќерка ми, бидејќи со денови ја молев да ги исчисти. Играчки, облека, книги… Оттогаш не треба да ѝ повторувам двапати“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Строги кралски правила кои ги прекршила кралицата Елизабета

10 Пред VS. После фотографии од детски актери покажуваат колку се промениле низ годините