во , ,

Преубавиот мал остров низ четири годишни времиња – знаете ли каде се наоѓа Котисари?

Островот Котисари до 1980-та година било место за состаноци на дрвосечачите од гратчето Рованиеми во областа Лапланд во Финска.

Еден од објектите кој што се наоѓал на островот тогаш бил претворен во таверна, а древниот траект ги носел луѓето до островот.

Во 2015-та година локалниот фотограф Јаниј Линампа со својот дрон успеал да направи кадри од идиличниот остров на реката Кеми.

Бидејќи фотографијата станала популарна на социјалните мрежи, Јаниј се враќал секогаш за да им ја покаже убавината од островот Котисари во текот на различните годишни времиња на луѓето.

„Сезонските промени во Лапонија се драстични, а овој остров е совршен начин да го прикажеме тоа“, изјавил Јани.

Инаку, островот е само четири километри оддалечен од Арктичкиот круг, па температурата во текот на зимските месеци опаѓа и под нулата. Јани вели дека особено во зимата потребно е времето да биде суво, за пропелерите на дронот да не замрзнат.

Реката Меки до 1980-та година била користена како пловечки канал за дрвната индустрија, но тој систем на крајот бил заменет со употребата на современите камиони.

Сега, овој идиличен остров е вистинска туристичка атракција.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *