во ,

Професорот надмено вели: Птиците и свињите не седат заедно…

Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.

Професорот надмено вели:
– Птиците и свињите не седат заедно.
– Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.

Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
– Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
– Со парите, професоре.
– Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
– На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.

– Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.
– Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.

Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
– Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Предмети кои со своето присуство ја враќаат кујната во каменото време

Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат…