Поплавите што ја погодија Шпанија предизвикаа огромни загуби и штети, но една 2.000 години стара римска брана во Алмонасид де ла Куба, во регионот Арагон, успешно издржа под силниот воден притисок, изненадувајќи ја јавноста со својата издржливост.
Almonacid de la Cuba aliviando lo bestia. https://t.co/WskiMiZWQe pic.twitter.com/L7Y5yrs2iF
— Isaac Moreno Gallo (@imorenogallo) October 30, 2024
Изградена на реката Агвасвивас по наредба на римскиот император Август, оваа брана висока 34 метри е највисоката зачувана римска структура од ваков вид. Снимките од нејзината моќ да се спротивстави на големиот наплив на вода, кои кружат на интернет, ја покажуваат суровата сила на природата и издржливоста на античките градби.
Додека современите населби страдаат од последиците на поплавите, оваа древна брана претставува фасцинантен пример за инженерството на Римјаните, кое, по илјадници години, останува сведоштво за нивните градителски способности.