во

Само богатите возат: Зошто автомобилите во Сингапур чинат богатство

Сингапур е познат како место каде само најбогатите можат да си дозволат автомобил. Цените на возилата во оваа град-држава се астрономски: Toyota Corolla чини околу 118.000 евра, додека Volkswagen Golf достигнува дури 129.000 евра.

Причината за овие високи цени е строгата транспортна политика на владата, чија цел е драстично да го намали бројот на возила на улиците. Основните фактори што ги зголемуваат цените се:

  • Ригорозни даноци на автомобилите.
  • Обврската за посебна дозвола, “Certificate of Entitlement (COE)”, која чини околу 66.000 евра и важи само 10 години.
  • Дополнителни такси за користење на урбаните делови на градот преку електронски систем за наплата.

Пренаселеност и недостаток на простор

Сингапур, со густина на население од 7.900 луѓе по квадратен километар, има сериозни предизвици во управувањето со сообраќајот. На релативно мала површина од 719 км² живеат 5,7 милиони луѓе, што бара иновативни мерки за регулирање на сообраќајниот метеж.

Луксуз или неопходност?

Оваа политика не влијае само на луксузните автомобили, туку и на основните модели. На пример:

  • BMW X1, кој во Европа чини околу 43.000 евра, во Сингапур се продава за 175.000 евра.
  • Луксузната BMW серија 7 чини над 400.000 евра, додека BMW серија 5 е достапен за “само” 243.000 евра.

Цените не ја рефлектираат технологијата или луксузот на автомобилите, туку строгите регулации и ограничувањата кои ги прават возилата вистински статусен симбол.

Во Сингапур, возењето автомобил не е само практично – тоа е знак на престиж и финансиска моќ.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магична глетка: Шест европски дестинации за поларната светлина во 2025 година

Објавена листа: Северина добила најмногу пари за настапи во Македонија, а на листата има и еден Србин!