во

Светскиот виртуоз Ара Маликиан со „Јовано Јованке“ ве кани на концерт во Скопје

Еден од најпрепознатливите и најиновативни виолинисти на денешницата, Ара Маликиан, за првпат ќе настапи пред македонската публика на 18 октомври, на сцената на „Македонската филхармонија“. Ова е настан кој ќе го обележи музичкото есенско културно случување во Скопје, а Маликиан веќе најавува дека ќе биде нешто навистина посебно.

Во чест на првиот негов концерт во Македонија, Маликиан подготви уникатна покана за сите негови фанови. Тој ја отсвири познатата македонска народна песна „Јовано Јованке“, за која самиот признава дека се вљубил во неа. Оваа магична изведба веднаш доби бројни пофалби, не само од неговите фанови туку и од музичките критичари. „Се вљубив во мелодијата и емоцијата на песната. Ова е музика која допира до срцето и ја чувствувам блиска“, вели Маликиан во едно од своите интервјуа, дополнувајќи дека ја користи како еден од начините да ја доближи македонската публика до неговиот концерт.

Виолинист со светска слава

Ара Маликиан е артист кој досега има одржано концерти во повеќе од 40 држави ширум светот, а неговата музичка кариера е импресивна и инспиративна. Еден од најзабележителните настапи му беше на легендарниот стадион „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид, каде што ја сподели својата уникатна енергија со илјадници присутни.

Во својата кариера, Маликиан има снимено над 30 албуми во последните 25 години, што го прави еден од најпродуктивните уметници во класичната и современата музика. Неговото дело е резултат на соработка со повеќе од 40 светски познати уметници, меѓу кои се и Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московските виртуози, па дури и симфонискиот оркестар на Токио. Талентот и посветеноста на Маликиан му донесоа многубројни награди и признанија, а двапати беше номиниран за најдобра класична изведба на престижните Музички награди во Шпанија.

Детски гениј, кој станал светска ѕвезда

Маликиан потекнува од ерменско-либанско семејство, а неговата музичка приказна започнува многу рано. На само 14 години бил повикан да студира на една од најпрестижните музички академии во светот, а од тогаш неговата кариера се движи само нагоре. Иако има класична музичка позадина, Маликиан во својот репертоар вклучува многу жанрови, од рок и поп, па до фламенко и џез. Ова го прави еден од најразновидните и најприфатените музичари на глобално ниво.

Во неговите концерти, често комбинира класични дела од композитори како Јохан Себастијан Бах и Николо Паганини со модерни иконски песни од уметници како Дејвид Боуви и Лед Цепелин. Токму оваа еклектичност ја прави неговата музика пристапна за најразлична публика.

За музиката и публиката

Маликиан сака да го стави фокусот на публиката. Во едно од неговите интервјуа вели дека она што денес го прави на сцената не е за телевизиите, ниту за менаџерите. Тоа е исклучиво за публиката. „Публиката не бара совршенство, таа сака да биде трогната, да се чувствува поврзана со музиката“, објаснува тој. Токму поради тоа неговите концерти секогаш се полни со емоции и енергија кои публиката ги чувствува до последниот тон.

Македонската публика ќе има можност да го доживее ова на свој начин на 18 октомври во „Македонска филхармонија“. Ова е единствен концерт на Ара Маликиан во Македонија и нема да има реприза, што го прави уште повреден за оние кои ќе бидат дел од него. Поради големиот интерес, билетите брзо се распродаваат, па ако не сакате да ја пропуштите оваа музичка магија, побрзајте да си обезбедите влезници.

Со виолината како негов најсилен инструмент и неверојатниот репертоар што го донесува на сцената, концертот на Ара Маликиан ќе биде едно неповторливо доживување за сите љубители на музиката.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас заеднички го прославија роденденот – таа објави разголена фотографија

Памела Андерсон (57) без шминка во цветен фустан: Поранешната Плејбој зајачица продолжува да го негува природниот изглед