во , ,

Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан…

Јапонците измислиле комора за ладење способна да замрзне до -1000 степени. Поставиле услов – кој човек ќе издржи најдолго затворен внатре, ќе му го дадат островот Хокаидо.

Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан. Французинот побарал жена и буре вино. Но кога температурата се спуштила до -200 не можел повеќе да издржи и излегол надвор. Англичанецот побарал жена и кутија виски, но на -300 не издржал и излегол. Последен бил пијаниот Стојан, кој побарал едно буре домашна жолта лозова и кумот за друштво.

Сите чекале со нетрпение и по еден час веќе термометарот покажувал -1000, а од двајцата кумови ниту трага. Стравувајќи дека веќе се замрзнале, еден од Јапонците ја отворил вратата и што да види: Си седат двајцата и си пиат ракија. Одеднаш кумот станал и му удрил една глава на Јапонецот.

– Добро направив, а, кумашине? – Рекол тој.

– Многу добро, куме. И така е студено тука, уште и тој врата да ни отвора.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човеку, зошто пасеш трева?

9 Споредби на амбалажата на продуктите од познатите брендови: Некогаш VS. Денес