во

Се шири нова „Јавна соба“? Фотографии од малолетнички на Фејсбук предизвикуваат загриженост

На социјалната мрежа Фејсбук се појави алармантна објава која предупредува за постоење на група во која се споделуваат интимни фотографии од малолетни девојчиња. Загрижен корисник на Фејсбук се обрати јавно барајќи помош:

„Здраво, каде да пријавам група каде што се споделуваат интимни фотографии од малолетни девојчиња? Од полиција ме префрлаат на МТВ спрат два, а таму велат дека не се надлежни за групи. Сликите слободно се шират, дури и од малолетници кои се плашат да проговорат. Пред да се случи некоја трагедија, кажете каде да се обратам.“

Во објавата е прикачен и линк до групата, а во коментарите други корисници го советуваат да го пријави случајот во единицата за економски и компјутерски криминал.

Групата моментално брои над 8,700 членови, а порталот 24инфо.мк работи на проверка дали истата е пријавена во МВР.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рафаел Надал објави крај на легендарната кариера

Катастрофа на Флорида: Ураган Милтон носи пустош, градовите под вода