Си биле двајца другари, велешанец и тетовчанец. После извесно време паѓа договор да се сретнат и кафе да пијат. И така договориле прво тетовчанецот да оди кај велешанецот.
Биднало и тој ден, иде тетовчанецот во Велес кај пријателот, седнуваат и почнуваат муабети да си редат.
Зема велешанецот кафе да вари, и прво зема едно зрно кафе, го врзува со конец и додека врие водата, неколку пати го брцнува во гезвето.
Си пијат така раат кафето, муабетите си течат, иде време тетовчанецот да си оди, и на заминување му вели на велешанецот дека сега него му е редот да му оди на гости.
По некое време велешанецот се стегнал на пат до Тетово да му врати гослуко на тетовчанецот. Седнуваат и си почнуваат со муабетите. Станува тетоецот кафе да вари, зема зрно кафе го врзува со конец и го врти околу гезвето. Го гледа тоа велешанецот и љубопитно го прашува зошто така го врти околу гезвето…
Тетоецов го гледа и му вели, прошлиот пат кога бев кај тебе многу јако ми го направи кафето, и многу ме болеше меот, па затоа сега јас решив малку поретко да го направам…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден