во , ,

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИСТАНБУЛ: Над 230 повредени, 127 АФТЕРШОКОВИ, урната зграда!

Силен земјотрес го погоди Истанбул денеска (24 април) нешто по пладне. Потресот бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил во Мраморното Море, близу областа Силиври.

По главниот удар, следувала серија последователни потреси. Турската Управа за катастрофи (АФАД) регистрирала дури 127 афтершокови. Најсилниот од нив бил со јачина од 5,9 степени.

Купи Маица

Според последните информации, нема загинати лица. Сепак, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека една зграда е урната. Таа се наоѓа во централната општина Фатих. Девет куќи се превентивно евакуирани.

Министерот за здравство, Кемал Мемишоглу, соопшти за бројот на повредени. Вкупно 236 лица побарале лекарска помош. Од нив, 173 се во Истанбул. Други повредени има и во Текирдаг, Сакарија, Јалова и Бурса.

Поголемиот дел од повредите настанале поради паника. Луѓето скокале од повисоки катови во обид да се спасат. Министерот Јерликаја истакна дека бројот на повици (над 10.000) е релативно мал за град како Истанбул.

Канцеларијата на гувернерот презеде мерки. За граѓаните кои не се чувствуваат безбедно се отворени засолништа. Обезбедени се училишни дворови, спортски сали и џамии.

Турската Црвена полумесечина веднаш се активираше. Тие обезбедуваат храна, пијалаци и вода за граѓаните. Претседателката Фатма Мерич Јилмаз изјави дека над 1.000 волонтери се на терен. Распоредени се и 65 мобилни кујни низ Истанбул. Планирано е ангажирање на вкупно 3.000 луѓе.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОСУДЕН НА 3.5 ГОДИНИ ЗАТВОР: Судот нареди и КОНФИСКАЦИЈА на општинската зграда во КАРПОШ!

„ПЛАНОТ ТРАМП-ПУТИН“ ЗА УКРАИНА? Наводно се нуди ПРИЗНАВАЊЕ НА КРИМ за прекин на војната – Трамп БАРА ДОГОВОР ДО ПЕТОК!