Еминентниот македонски пијанист Симон Трпчески повторно ја крена европската публика на нозе, овој пат со својот настап во свечената сала на Музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта. Со изведба на вториот пијано концерт на Јоханес Брамс, под диригентската палка на италијанскиот маестро Рикардо Фрица и во соработка со Симфонискиот оркестар на Унгарското радио, Трпчески уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите пијанисти на Балканот.
„Се чувствувам прекрасно, особено што настапив во градот каде што ова дело за првпат беше изведено,“ изјави Трпчески. На крајот од концертот, како бис, тој ги изненади присутните со изведба на „Пиперково оро“ од својот проект „Македонисимо,“ велејќи: „Секогаш сакам да презентирам дел од нашето наследство, горд сум на македонското културно богатство.“
На концертот присуствуваа и бројни Македонци, меѓу кои и Ивица Боцевски, специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Европската Унија, кој истакна дека Трпчески е најголемиот културен амбасадор на Македонија.
Настапот во Будимпешта е дел од турнејата на Трпчески, која продолжува со концерти во Белград, Солун, Нови Сад и Сараево, каде македонскиот пијанист ќе го претстави македонскиот фолклор и музичко богатство на сцените низ Балканот и Европа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден