Трагедијата во Кочани остави длабока рана. Еден млад живот згасна прерано.
Моника Спасова беше млада мајка. Нејзината ќеркичка Мила има само една година. Моника го загуби животот во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Таа беше дипломиран инспектор по криминалистика. Пред еден месец го прослави роденденот на својата ќерка.
Нејзината мајка Верица со скршено срце напиша: „Мајкино око, каде отиде? Како ќе живеам без тебе? Кој ќе го гушнам? Душата ми е распарчена“.
Многу луѓе изразија сочувство. „Непреболна загуба“, напишаа тие.
„Се скршивме од болка. Не можеме да поверуваме“.
„Мило и убаво девојче, те нема веќе. Нема утеха. Бог да те прости“.
„Лесна ти земја ангелу“.