Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, е еден од 50-те играчи од НБА лигата кои не се вакцинирани против коронавирус, но неговата причина е по малку „чудна“.
Имено, тој не сака да се вакцинира бидејќи, како што тврди новинар од магазинот „Rolling Stone“, смета дека сето тоа е „дел од Ѓаволскиот план“.
Со овој потег, Ирвинг може да ѝ создаде проблеми на својата екипа бидејќи Сан Франциско (Голден Стејт Вориорс) и Њујорк (Бруклин Нетс и Њујорк Никс) се единствените два града кои имаат строги правила околу собирањата, односно нема да може ниту еден невакциниран поединец да се најде на овие натпревари.
Ендру Вигинс е проблем на Голден Стејт, што значи дека нема да може да игра ниту еден натпревар дома, а судејќи по сè, „главоболка“ имаат и Бруклин Нетс поради Кајри, кој е воедно и една од најголемите ѕвезди на оваа екипа.
Новинарот на „Rolling Stone“, Мет Саливен, причината за невакцинирањето на Ирвинг ја гледа во неговите ставови и размислувања бидејќи, како што тврди, ѕвездата на Бруклин започала да размислува дека сè е лага и обид за угнетување на темнокожите кошаркари.
„Ирвинг, потпретседател на играчката заедница во НБА лигата, започнал да следи и лајкнува Инстаграм објави за теории на заговор според кои постои „тајно друштво“ кое низ вакцините вградува чипови во темнокожите луѓе за да ги поврзат на голем компјутер, со цел да го извршат „Ѓаволскиот план“, вели Саливен.
Кајри Ирвинг веќе неколкупати беше во центарот на јавноста поради своите изјави и верувања, особено кога отворено зборуваше дека Земјата е всушност рамна плоча.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден