Еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ е уапсен, а според неофицијални информации, се обидел да ја напушти земјата.
Дејан Јованов – Деко, еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што во пожар трагично загинаа 59 лица, а повеќемина беа повредени, се наоѓа меѓу лицата кои се уапсени под сомнение за предизвикување на несреќата. Јованов, освен угостителски објекти, имал и други бизниси.
Според неофицијални информации објавени од штипската ТВ Стар, постојат индиции дека сопственикот на дискотеката, Јованов, имал намера да избега во соседна држава, пред да биде лишен од слобода.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека Министерството за внатрешни работи – МВР, во координација со Јавното обвинителство, до овој момент има повеќе од 20 лица кои се осомничени во врска со трагичниот настан во Кочани. Околу 15 лица се приведени и се наоѓаат во полициска станица. За дел од осомничените кои се товарат за предизвикување на овој кривично-правен настан, постојат потврди дека се починати, додека други се хоспитализирани.
Четири лица кои се под истрага се наоѓаат на лекување во болница. Меѓу нив се два члена на музичкиот бенд кој настапувал во дискотеката, син на еден од сопствениците и управителот на правното лице кое ја управувало дискотеката.
Тошковски истакна дека меѓу приведените лица кои се наоѓаат во полициска станица има и лица за кои постојат докази за директна вина. Исто така, приведено е и лице кое се смета за организатор на настанот и за кое постои основано сомнение дека е еден од клучните виновници за трагедијата.
Во рамките на истрагата, приведени се и поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во Министерството за економија, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и тројца вработени во Дирекцијата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден