Влегол Перо во кафуле и кога стигнал до шанкот, гледа на него сад полн со книжни евра. Му фатиле окце па го прашува конобарот:
– Еј, што е ова?
Конобарот одма му одговорил:
– Ставате внатре 100 евра, ви даваме 3 задачи. Ако ги направите, сè е ваше!
Перо прашал:
– Добро, а што треба да направам?
Конобарот го погледнал од глава до пети, па му рекол:
– Прво треба на екс да испиете литро ракија, без никакви гримаси на лицето. Потоа треба да отидете во дворот и на бесниот пит бул да му го извадите болниот заб. На крајот треба да се качите горе на кат и да водите љубов со госпоѓа која има 70 години.
Перо извадил 100 евра и ги ставил во садот. Конобарот му дава флаша ракија, тој ја натегнал. Очите почнале да му солзат, но ја испил цела без гримаси. Го треснал празното шише од шанк и тргнал кон дворот клатејќи се лево-десно.
Кога ја затворил вратата зад себе, се слушнало лаење, па ’ржење и на крајот цвилење. После 15 минути, Перо се вратил во кафаната, се потпрел на шанкот и рекол:
– Добро, каде е таа баба со болниот заб??
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден