во ,

Страшни сцени во Киев: Пожари и урнатини по рускиот напад, Украина во жалост

ЗГРАДИ СЕ УРИВААТ, НАТО ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ! Страшни снимки од жесток напад на Киев: Горат пожари во Украина, ИМА МРТВИ

Украинската Државна служба за вонредни ситуации соопшти дека рано утрово Русија извршила напад со балистичко оружје на Киев, поради што избиле неколку пожари. Едно лице загина, а три лица се повредени.

Купи Маица

Во соопштението се наведува дека пожарникарите ги отстрануваат последиците во Дарнички, Оболонски и Соломјански реон во Киев, пренесе „Украинска правда“.

На една локација дошло до рушење на зграда и палење на три паркирани автомобили во близина, а пожарот во меѓувреме е изгаснат.

Во Оболонски реон, пожар избувна во фабрика за мебел, а пламенот се прошири на уште една складишна зграда.

На друга адреса дошло до делумно рушење на третиот, четвртиот и петтиот кат од петкатниот деловен центар.

Во Соломјански реон дошло до пожар на отворен простор во поедини жаришта и палење на фасадата на складишна зграда.

Во Украина Ден на жалост поради ракетниот напад на Криви Рог

Во Украина за денеска е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Криви Рог, соопшти потпретседателот на украинската Влада за реконструкција и министер за заедници и територијален развој на Украина, Олексиј Кулеба.

– Градовите и селата на Украина прогласуваат 6 април за Ден на жалост за жртвите од нападот во Криви Рог. Сите регионални центри на Украина, големи и мали заедници, стојат рамо до рамо со Криви Рог.

Во знак на солидарност со жртвите и нивните семејства, заедниците прогласуваат Ден на жалост – напиша Кулеба вчера на „Телеграм“.

Кулеба напомена дека во сите градови, особено од Киев до Одеса, од Краматорск до Ужгород, ќе бидат спуштени знамиња и „ќе се слушне тишина“, пренесува украинската агенција Интерфакс.

Во Харков, почнувајќи од денеска, е објавена тридневна жалост за жртвите од рускиот ракетен напад на тој град, како и на Криви Рог.

Русија во петокот вечерта изврши балистички ракетен напад на Криви Рог, во кој загинаа 18 луѓе, меѓу кои девет деца, од кои најмладото има три години. Повредени се 74 лица.

НАТО земја подигна борбени авиони

Во Полска рано утрово беа активирани полски и сојузнички авиони за да се осигура безбедноста на полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади во западниот дел на Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Командата на платформата Икс наведе дека преземените чекори имаат за цел да ја осигураат безбедноста во регионите што граничат со Украина.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Поранешната “Мис Балкан” загина при пад од надвозник бегајќи од полиција!

Гнев на улиците: Илјадници се кренаа против Трамп и Маск – што се случува?