23-годишниот Кемар Гери Лалор од Торонто и неговата мајка Труди-Ен Лалор имале Ковид-19 и двајцата ги изгубиле сетилата за вкус и мирис.
Лалор изјавил за „BuzzFeed News“ дека неговата мајка ги вратила сетилата за вкус и мирис по неколку дена, па затоа тој ја прашал како успеала во тоа.
„Таа ми откри лек кој нејзината мајка ѝ го давала како дете кога живееле во Јамајка“.
Нејзиниот рецепт вклучувал печење портокал на отворен оган додека кората на овошјето не стане целосно црна. Откако ќе ја излупите кората, го гмечите портокалот во чаша и додавате кафеав шеќер. А, потоа го јадете.
@toosmxll How to get taste buds back!!! #howto #tastebud #lifehacks #health #fyp #remedy 
Лалор го испробал рецептот и вели дека успеал и кај него. Неколку дена подоцна, кога неговата мајка го подготвувала за неговата помала сестра, Кемар сфатил дека би било корисно повеќе луѓе да дознаат за него. Со таа цел, направил ТикТок видео во кое објаснува како да го припремите рецептот.
Луѓето веднаш започнале да го испробуваат, а студентот признал дека голем дел од нив започнале да му пишуваат колку многу им помогнал. Некои од нив рекле дека веднаш виделе резултати, а некои велат дека успеале да ги повратат своите сетила по втор или трет пат или по прилагодување на рецептот.
„Мојата мајка и јас сме пресреќни што успеавме да им помогнеме на луѓето во ова тешко време“, изјавил Лалор.
Каран Рајан, хирург од Националната здравствена служба во Велика Британија, објавил видео за ТикТок во кое и самиот го испробал рецептот. Тој претпоставува дека печениот портокал би можел да биде корисен како вид на физиотерапија за вашите сетила, во она што го нарекол „олфакторен тренинг“.
@dr.karanr #stitch with @toosmxll oranges to the rescue? #fruit #orange #learnontiktok #schoolwithdrkaran
Олфакторниот тренинг, како што вели хирургот, е метод кој се користи во медицината за да се регенерираат оштетените функции од болести кои предизвикуваат слични симптоми на оние на Ковид-19. Теоријата вели дека ова помага во регенерирање на нервите, слично како кај некој кој претрпува повреда на екстремитет.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден