во ,

Султан отишол во едно македонско анче и си порачал чкембе чорба…

Турско ропство. Султан отишол во едно македонско анче и си порачал чкембе чорба, бидејќи никогаш порано не јадел. Бил многу задоволен и уште следниот ден отишол со неговите 22-ца готвачи.

– Сакам да ги научиш моите готвачи да прават исто ваква чкембе чорба! – рекол султанот.

– Нема проблем. – рекол готвачот и им покажал како се прави.

Поминале месец-два, султанот повторно дошол во анчето.

– Абе, каур, чкембето не е исто!

– Не е можно. Доведи ми ги готвачите пак.

Сите готвачи дошле и македонскиот мајстор почнува да ги испрашува:

– Толку ли млеко ставате?

– Толку…

– Толку ли чкембе ставате?

– Да…

– Толку ли време го правите?

– Да…

– Толку ли зачини ставате?

– Да…

– А го миете ли чкембето?

– Да…

– Е па таму ви е грешката!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маса за четворица ќе ве молу…

Госпоѓо, вие сте на 80 годишна возраст, а пријателот ви има 25 години…