Султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах, е еден од најбогатите луѓе во светот, чиј живот е обвиткан во луксуз и контроверзии. Неговиот дворец, наречен „Истана Нурул Иман“, е најголемата палата во светот, со над 1.700 соби, 257 бањи и пет базени, а куполите на палатата се покриени со 22-каратно злато. Според Гинисовата книга на рекорди, оваа архитектурна чудесија зафаќа простор од два милиони квадратни метри.
Султанот е познат по својата колекција од 7.000 луксузни автомобили, меѓу кои се 365 Ферари, 275 Ламборџини, 600 Ролс Ројс и многу други. Тој, исто така, поседува приватни авиони и егзотична зоолошка градина.
Но, луксузот не застанува тука. Според неколку извори, султанот имал харем од 30 до 100 жени во својата палата, а неговиот брат Џефри бил познат по екстравагантните забави и провокативни имиња на своите јахти. Некои жени, како поранешната Мис Калифорнија, Шенон Маркетиќ, тврдат дека биле држени како сексуални робинки во султанскиот двор.
И покрај контроверзиите, султанот и неговите деца продолжуваат да живеат во неверојатен раскош, а синовите, како принцот Абдул Матина, често се пофалуваат со својот луксузен начин на живот на социјалните мрежи.