во , ,

Тага во Скопје: Утре погреб на Андреј од ДНК и Сара Пројковска!

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески, утре ќе биде погребан. Погребот ќе се одржи на 20 март на градските гробишта во Бутел.

Информацијата ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.

Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.

Утре ќе биде погребана и Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.

„Погребот на нашата драга и сакана Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот“, објавија од Факултетот за музичка уметност – Скопје на социјалните мрежи.

Групата настапуваше во дискотеката во Кочани. Ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар. Загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чудесен напиток на позната РУСКА ДОКТОРКА: Се пие 30 дена, ги чисти цревата и спречува болести!

Оптимизам по трагедијата во Кочани: Никој од преживеаните не почина