во

Тажна приказна од Јабланица: Момче низ урнатините го бара својот најдобар пријател! (ФОТО+ВИДЕО)

Меѓу остатоците на некогашни домови и улици, луѓето стојат шокирани и тивки, сведоци на катастрофа од невидени размери. Тие раскажуваат како преку прозорци скокале среде ноќ, бегале од балконите, спасувајќи ги своите најблиски од несреќата која ги затекна неподготвени.

Еден од најсрцепарателните моменти е приказната на момчето кое, низ урнатините, го бара својот најдобар пријател. „Овде му беше куќата“, вели момчето, со поглед вперен во останките на некогашното село. „Сега не знам каде е“, додава со треперлив глас, чекорејќи низ разурнатите улици.

Во блиските населби, мештаните раскажуваат за хоророт што го преживеале. Сведоци биле на моменти кога нивните соседи ги губеле животите. Но, и покрај болката и шокот, веќе почнуваат да си помагаат еден на друг – делат залихи на храна и вода, и нудат зборови на утеха во овие мрачни часови.

На секој чекор се чувствува беспомошноста. Маж со лопата стои на врвот на купишта остатоци – некогашни домови на неговите соседи. Се обидува да расчисти, но не знае од каде да почне, изнемоштен од обидите.

Оставени возила, меѓу нив и комбе со црногорски регистарски таблички, останало заробено во одрон. Патниците се уште се водат како исчезнати. Секој урнат дом носи своја приказна, а во очите на луѓето се гледа копнеж по минатото, по деновите без грижи што би сакале да ги вратат.

Спасувачките екипи од Мостар веќе се на пат кон Јабланица. Подготвени се чамци за превоз низ Неретва, до местата кои сега се целосно отсечени од светот. Тешката механизација подготвува пат за спасувачите, но ги чекаат тешки и напорни часови.

Најтешко е за момчето што, наместо да се игра со својот пријател, низ солзи бара некаков знак од него. Тешко е и за мажот со лопата кој гледа во урнатините, не знаејќи како да почне одново. Ама сите мораат да почнат од некаков нов почеток.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Познатите ги откажаа настапите и нудат помош за поплавените во БиХ: Пејачите со молитви и поддршка за настраданите

Храбри пожарникари спасиле дете на рамена и дедо во буре за време на поплавите во Босна (ВИДЕО)