во

Тереза Кесовија од болница го сподели тажниот животен пресврт: Трагедиите ми го одбележаа животот

Пејачката Тереза Кесовија денеска полни 86 години, но за жал, не го прославува овој важен ден бидејќи е хоспитализирана.

„Во болница сум. Жал ми е, не сум во состојба да објаснувам што ми се случи. Паднав и многу се повредив,“ кратко изјави за „Net.hr“, едвај изговарајќи неколку зборови.

Таа додаде дека во моментот не ѝ е важно каде се наоѓа, и дека за родендените и прославите не размислува.

„Ми е сосема сеедно каде сум. Денес сум, утре можеби не. Мајка ми ја немам ни запознаено, ме родила и брзо починала. За мене, прославувањето на родендени е бесмислено,“ завршила Тереза.

Минатата година беше итно пренесена во болница во Загреб, откако доживеала инфаркт. Во интервју за „24 сата“, тогаш изјави: „Да стигнев половина час подоцна, немаше да бидам жива.“

Живот исполнет со љубов, слава, но и големи загуби

Тереза е родена на хрватското приморје, во Дубровник, но животот ѝ бил исполнет со трагедии од самиот почеток. Само еден месец по нејзиното раѓање, мајка ѝ ненадејно починала. Никогаш не се утврдил точниот причинител на смртта, но се претпоставувало дека станува збор за сепса. Во Дубровник во 1938 година немало лекови за сепса, и таа трагедија ја зафатила Тереза пред да стане свесна за својот живот, раскажала таа еднаш.

Тереза уште од мала знаела дека музиката ќе биде нејзиниот животен повик. Завршила средно музичко училиште за флејта, а подоцна студирала на Музичката академија во Загреб. Кариерата ѝ започнала во текот на студиите, а кон крајот на шеесеттите се преселила во Франција, каде што станала една од најпопуларните пејачки.

Преку музиката, го запознала и првиот сопруг, Миро Унгар, со кого го има синот Алан, нејзиното единствено дете. По разводот во 1973 година, се вратила во Загреб со својот син.

Лични загуби и најтешки животни битки

Само една година по разводот, Тереза дознала дека нејзиниот брат загинал во сообраќајна несреќа. Наскоро по таа вест, починала и нејзината маќеа Јела, која за Тереза била како вистинска мајка.

Трагедиите не завршиле тука. Пејачката била дијагностицирана со рак на бубрег, кој бил отстранет. Имала два тумора во увото и морала да ги оперира гласните жици.

Во еден искрен момент, Тереза признала дека во минатото се обидела да си го одземе животот.

„Вистина е, се обидов да се самоубијам. Беше 1967 година, моето дете имаше три години. Тогаш не можев да најдам причина зошто животот да продолжи. Лежев и гледав во таванот, мислејќи на сите црни нешта. Како автомат, скокнав и ги побарав таблетите. За среќа, детето влезе токму на време, а јас веќе ги имав земено таблетите. Веднаш ме однесоа во болница, која среќа што беше блиску,“ раскажала Тереза.

Животот на Тереза Кесовија е приказна за издржливост и борба, исполнет и со слава, но и со длабоки лични загуби.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ѓоковиќ ангажира моќен адвокатски тим – започнува битка што ќе го промени тенисот засекогаш

Силен циклон носи снег до 50 см во овие региони! Еве каде веќе паѓа