во ,

Тинејџер убил полицаец во БиХ – испратил загрижувачки пораки пред нападот

Синоќа, 15-годишен тинејџер изврши напад на полициската станица во Босанска Крупа, при што загина еден полицаец, а друг е тешко повреден. Според информациите, жртвата е полицаецот Огњен Маран од Босански Нови, додека повредениот полицаец, Авдо Хасановиќ, се наоѓа во стабилна состојба во болницата „Д-р Ирфан Љубљанкиќ“.

Пред да го изврши нападот, осомничениот испратил невообичаени пораки до познаници, кои навестувале збогување. Лицата кои го познавале изјавиле дека бил наклонет кон верски екстремизам, пренесува порталот Кликс.

Инцидентот започнал кога напаѓачот влегол во полициската станица и со нож го нападнал полицаецот Маран, кој веднаш подлегнал на повредите. По првиот напад, тинејџерот го ранил и полицаецот Хасановиќ, пред да биде уапсен од страна на полицијата.

„Сторителот е приведен, а по истрагата ќе можеме да кажеме повеќе за мотивот,“ изјави портпаролот на МУП на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.

Овој насилен чин ја потресе Босанска Крупа, каде веднаш беа распоредени бројни полицајци, вклучително и специјални единици, за да обезбедат безбедност во градот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хаос во Истанбул: Англиски навивачи нападнати пред натпреварот Фенербахче – Манчестер Јунајтед

Никол Кидман за снимањето на новиот филм „Малечка“: „Понекогаш ми беше премногу“