Поплавите во Босна и Херцеговина ги зафатија населените места Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, со Јабланица како најпогодено подрачје. Ова природна катастрофа досега однела 20 животи, а драматичните снимки од спасувачките акции се шират низ социјалните мрежи.
Една од највпечатливите сцени доаѓа од Високо, каде што пожарникарите денес храбро спасија малечко дете и неговиот дедо. Детето беше извлечено на безбедно на рамената на пожарникарот, додека куќата на семејството беше опкружена од надојдената вода.
Спасување полно со емоции: детето плачело за таткото
На снимката од YouTube каналот „Црна хроника“, се гледа како малиот, преплашен, плаче и го повикува својот татко додека пожарникарите се обидуваат да го смират и одвлечат вниманието. Детето беше извадено од куќата преку прозорец и ставено на рамената на пожарникарот, кој внимателно го носеше кон безбедност, додека неговиот колега се погрижи акцијата да биде што помалку стресна за момчето.
Во позадина се слушаат зборови на охрабрување: „Не плачи, бе.“ И покрај обидите да го смират, детето продолжувало да го вика таткото низ солзи, а родителот на снимката вели: „Мааши, Адијане… Мааши нам, Адијане.“
Хукот на надојдените води го засили драматичниот тон на целата ситуација, додека спасувачите продолжија да се борат со природната стихија.
Дедото спасен во пластично буре
Покрај детето, пожарникарите од Високо, Исмиќ Мурис и Џафер Хебиб, кои од раните утрински часови помагаат на своите сограѓани, успешно го спасиле и неговиот дедо. Дедото беше ставен во пластично буре, кое тие потоа внимателно го пренеле на безбедно, заедно со тимска работа.
Покрај Високо, сериозни поплави ги погодија и другите делови на БиХ. Во Јабланица, потврдени се најмалку 14 загинати, а според министерот за одбрана на БиХ, околу 20 лица се водат за исчезнати. Во Фојница, пак, животот го загубила една постара жена.
Спасувачи во акција со јажиња
Во друга храбра акција, спасувачите од ГСС „Пренј“ од Бућуровиќ Поле кај Коњиц, успешно спасиле човек кој останал заробен во својата куќа опколена од надојдените води. Со јажиња, тие успеале да воспостават врска преку дивата река и да го изведат човекот на безбедно. Снимката од оваа спасувачка акција е објавена на официјалниот профил на нивниот Facebook.
Поплавите продолжуваат да предизвикуваат хаос и штети, а локалните власти апелираат за итна помош и координација за да се спречат понатамошни трагедии.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден