во

Цеца ја насмеа Богдана со неочекувана шега за свекрви

Пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзината снаа Богдана отсекогаш ја покажувале својата блискост и меѓусебно почитување. Како доказ за ова е и фактот што Цеца ја подари својата венчаница на избраничката на својот син, Вељко. Тој гест зборува за длабоката врска меѓу нив, а Богдана често ја придружува на нејзините настапи, што дополнително го потврдува нивниот хармоничен однос.

Но, неодамна настана еден мал, симпатичен “судир” меѓу свеќата и снаата, кој веднаш стана тема на разговор. Во шега, Цеца ѝ рече на Богдана дека е “предодредена да биде зла свекрва” затоа што има три сина. Богдана веднаш ѝ возврати, велејќи дека не сака да биде зла свекрва и ја праша зошто Цеца не станала таква. Овој неочекуван дијалог измами насмевки, но и покажа дека дури и во најхармоничните односи може да има интересни моменти.

„На мојата Богдана ѝ реков: ’Предодредена си да бидеш зла свекрва, имаш три сина.‘ Таа ми вели: ’Не сакам да бидам зла свекрва, како ти не си?‘“, откри Цеца со насмевка и продолжи: „Јас имам еден син и една ќерка. Лидија беше на пат да стане сериозна свекрва, ама Бог рече ’Не, не, прво ќе родиш ќерка‘.“

@cecaraznatovicoff 🤷🏽‍♀️😂 #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkan #4you #serbia ♬ original sound – CECA

И покрај овој наводен „судир“, нивниот однос останува одличен, а Вељковата сопруга често зборува за тоа колку ја сака својата свекрва. Цеца пак, секогаш ја коментира Богдана со позитивен тон и шеги, покажувајќи дека нивната врска е полна со разбирање и хумор.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јована Јеремиќ разочарана што не ја интервјуирала Касандра: „Ова ќе го срушеше интернетот“

Шок во живо: Водителка на РТС заспала во емисија, види што се случило!