во ,

Четворката од Штип го слави првиот роденден: „Вие сте наш дар од Бога“

Леонтина и нејзините три браќа, Михаил, Теодор и Ведран, познатите четворка-близначиња од Штип, денес го слават својот прв роденден. Малите херои кои ги освоија срцата на цела Македонија, денеска уживаат во посебен ден, исполнет со многу радост и љубов.

Мајката, Благица Митева Зикова, ја сподели оваа прекрасна вест на социјалните мрежи со неколку слатки фотографии од дечињата и роденденската торта, изразувајќи ги своите емоции:

„Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено детство. Мама и тато ќе направат сè да добиете најголемата љубов.“


Четворката беше испратена дома од ГАК минатата година, на што д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, која ги донесе на свет, изјави дека тоа било неверојатно искуство за сите вклучени.

Честит прв роденден на овие мали ангели!


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дани Димитровска со есенска трансформација: Се откажа од русата коса!

Лидија Вукиќевиќ во беспрекорна форма: Во фустан што ја истакнува нејзината тенка половина