во , , , ,

Четиринаесетгодишно чудо-дете создало сапун за борба со рак на кожата и триумфирало на престижно натпреварување

Младиот американски талент го воодушеви светот со својата иновација – сапун кој придонесува кон борбата против ракот на кожата. Неговото достигнување му донесе победа на престижниот американски научен натпревар за млади истражувачи.

Во ова револуционерно откритие, четиринаесетгодишниот Хеман Бекеле го освоил првото место на „Young Scientist’s Challenge“, организиран од мултинационалната корпорација 3M, со неговиот иновативен сапун кој го активира имунолошкиот систем во борбата против рак на кожата. Ова е годишен настан што ги охрабрува младите да го развиваат својот креативен потенцијал.

Хемановата инспирација потекнала од неговите искуства и средби со луѓе кои работеле на сонце за време на неговиот четиригодишен престој во Етиопија. Неговиот сапун, доколку се докаже како безбеден и ефикасен, може да има значителено влијание на луѓето кои не можат да си дозволат скапи третмани за рак на кожата, кои понекогаш достигнуваат до 40.000 американски долари.

Од едноставна идеја до наградувано достигнување

Проектот на Хеман почна како домашна иницијатива, а подоцна, по неговиот успех како финалист на натпреварот, тој соработуваше со Универзитетот во Вирџинија и Универзитетот Џорџтаун. Тој исто така доби менторство од Дебора Изабела, инженер за производство во 3M.

Клучниот елемент на неговиот сапун е имидазокинолин, кој се употребува во терапијата на различни кожни болести, вклучувајќи ги и базално-клеточните карциноми. Но, специфичноста на Хемановиот сапун лежи во употребата на липидни наночестички, кои остануваат на кожата дури и по миењето.

Сапунот е малку поадхезивен во споредба со обичниот поради присуството на овие наночестички, што, според 14-годишниот изумител, е клучно за задржување на лековитите компоненти на кожата по употребата.

Липидните наночестички, кои се одобрени од FDA за испорака на лекови од 2018 година, формираат скоро незабележлив слој на кожата, поттикнувајќи ја пенетрацијата на активните состојки. Иако ефикасноста на овие честички во живите ткива сè уште не е целосно докажана, изумот на Хеман може да предизвика дополнителни истражувања во оваа област.

Во очекување на одобрение за клинички испитувања на човек

Со користење на напредни техники за дигитално молекуларно тестирање, Хеман демонстрираше висока ефективност на својот сапун во виртуелни модели. Сега, тој очекува зелено светло од FDA за да започне со клинички испитувања на луѓе. Неговата амбиција е да добие ова одобрение во рок од пет години и да го претвори својот проект во хуманитарна организација до 2028 година, со цел да овозможи достапен и праведен третман против рак на кожата.

„Се надевам дека до 2028 година ќе успеам да го претворам мојот проект во хуманитарна организација, каде што ќе можам да обезбедам праведен и достапен третман за рак на кожата за што е можно повеќе луѓе. Мојата страст е да создавам одржливи решенија за глобалните предизвици и се надевам дека ќе инспирирам и други да направат истото“, изјавил овој млад талент.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Невообичаено видео од Русија: Луксузниот ‘Maybach’ транспортиран на покривот на ‘Toyota’

Од овој момент платата ќе ми биде 1000 евра…